За нас

     - ПИК  Игор ДООЕЛ - Скопје е формирана во 1999 година како компанија за инсталација и одржување на индустриска климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови во секојдневното работење компанијата континуирано го зголемува бројот на реномирани клиентии компании на територијата на Р. Македонија.

Компанијата е препознатлива компанија во областа на своето работење која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност. Компанијата води сметка за потребите на своите клиенти и за нивните потреби се со цел непречено функцинирање. Тимот на компанијата ви стои на располагање околу вашите планови за набавка на опрема од светскиот производител на разладни машини и топлотни пумпи Clivet. Исто така врши набавка и инсталација на вентилаторски конвектори, клима комори, клима уреди, топлински геотермални пумпи, компресори за индустриско ладење, фреонски кондензатори итн.

     - Во текот на своето постоење го проширува делокругот на своето работење и започнува со увоз, продажба и монтажа на индустриски дизел генератори во Р. Македонија.

Вршиме дистрибуција, монтажа и одржување на индустриски дизел генератори со моќности од 16kVA до 2290kVA. Погонските мотори се од познатите брендови: Daewoo, Idea, Kansas, Perkins,  Iveco, Yangdong и други. Алтернаторите се од брендовите: Idea, Marelli, Stamford. Вршиме достава на генераторите до објектите на нашите клиенти со наше товарно возило и истовар со кран на предвиденото место, како и монтажа од наша сервисна екипа. Сите генератори се со звучна изолација, автоматски режим или мануелен режим на работа и ги имаат сите ISO стандарди и CE Сертификат.